Денешните бугарски шовинисти се повикуваат на некаква Санстефанска Бугарија, а кријат дека уште тогаш сите позначајни европски земји ја осудиле оваа идеја токму поради фактот што во Македонија не живеат Бугари, туку Македонци!
Автентични изјави од страна на европските министри против планот за Санстефанска Бугарија,поднесен од страна на рускиот бугарофил грофот Игнатиев, заради заштита на руските интереси на Балканот!
Во овој текст аргументирано ќе побиеме уште една заблуда застапувана од страна на денешните повампирани великобугарски субјекти, а тоа е заблудата околу т. н. Санстефанска Бугарија, на која до денес се повикуваат бугароманите.
Мислам дека од наша страна не е сосема доволно афирмиран фактот дека идејата за Санстефанска Бугарија биле само идеја на хартија, дадена од поединец (конкретно од страна на рускиот гроф Игнатиев] и дека на оваа идеја уште тогаш се спротивставиле сите поголеми европски земји.
Па, зошто тогаш се уште се крева толката врев околу таквата идеја на хартија? Тоа е исто како кога во Парламентот пратениците поднесуваат стотици амандмани како дополнувања или измени на разни закони, кои амандмани, неретко претставуваат артикулација на личниот или групниот интерес на пратеникот и кои амандмани, поради тоа и се одбиваат. Слично на ваквите амандмани бил и хартиениот план за Санстефанска Бугарија - и ништо повеќе! Тоа бил обичен, отфрлен од Европа, предлог, какви што ги имало стотици во тоа време. Затоа, навистина е нејасно (па дури и смешно] зошто великобугарските шовинистички кругови се уште леат рокодилски солзи кон овој отфрлен план. Сега, конечно да преминеме на автентичните историски документи од тоа време и да идиме како поминал овој план во очите на Европа.
Во Македонија не живеат Бугари
Во врска со пропаста на идејата за заживување на Санстефанска Бугарија најдобро ќе биде да цитираме изјави на тогашните европски политичари, кои децидно изјавувале дека Санстефанска Бугарија не може да заживее во практика токму поради фактот што во Македонија живеат Македонци, а не Бугари! Очигледно дека бугароманите не знаат (или не сакаат да знаат] ништо ниту во врска со ова. Санстефанска Бугарија била утопија создадена во фантазијата на рускиот гроф (инаку страстен бугарофил] Игнатиев, кој заради ваквата своја утопија толку бил критикуван од странската, но и од домашната (руска) политичка јавност, што дури извесно време морал да се повлече од јавниот живот. Јасен е и провиден поводот на неговата пуста желба - проширување на Русија (преку својот новосоздаден сателит Бугарија] на територии кои никогаш етнички не биле бугарски. Но, да видиме конечно што изјавиле претставниците на неколку европски држави во врска со фантастичната желба на грофот Игнатиев.
Англискиот министер за надворешни работи, лорд Солзбери во врска со фиктивната идеја за Санстефанска Бугарија, на 18 април 1878 година, изјавил:
Зацртаното бугарско кнежество во санстефанскиот мировен договор не смее да остане во такви широки граници и да држи територии кои етнички не му припаѓаат.
Кои се тие територии кои етнички не му припаѓале на Бугарското кнежество - нека повелат нека одговорат бугароманите. Одиме понатаму.

Грофот Андраши, кој тогаш бил австриски министер за надворешни работи, во врска со Санстефанскиот договор во мај, 1878 година, изјавил:
Ставете му до знаење на Нелидов (руски амбасадор во Цариград, з. м.], дека нашата влада воопшто нема да толерира едно широко бугарско кнежество. Во Санстефанскиот прелиминарен мировен договор воопшто не е зачуван етничкиот принцип. Според статистичките податоци со кои располагаме нам ни е познато дека Бугарите и Србите ја населуваат земјата од Црно до Јадранско море. Србите се протегаат на запад и на левиот брег на Дунав и Сава, додека Бугарите се протегаат од Дунав до Стара планина. Територијата на Македонија е населена со разнородно население, во кое преовладува словенскиот елемент. Меѓутоа, познато е дека во тамошното словенско население се јавува една силна струја, која настојува да тргне по својот сопствен пат. Нашите интереси во поново време налагаат да навлеземе во Македонија и да излеземе на Егејско Mope, користејќи ја наклоноста на словенското население во Македонија.
И од оваа изјава (криена од пошироката бугарска јавност] јасно се гледа ставот на Австрија и нејзината запознаеност со етничкиот состав на Македонија и за фактот што во Македонија никогаш не живееле никакви Бугари како мнозинско население.
Конечно, во контекст на овие изјави од врвните дипломати на тогашните европски велесили, да ја презентираме и изјавата на францускиот министер за надворешни работи Вадингтон, кој во врска со Санстефанскиот договор го изјавил следното:
Ние и понатаму стоиме на гледиштето дека, освен бугарскиот, постојат и други народи на Балканскиот полуостров, кои во догледно време треба да бидат ослободени... Нашата влада остро се противи на Санстефанскиот прелиминарен договор.
И од оваа изјава гледаме дека Франција најенергично ја осудува идејата за Санстефанска Бугарија, под изговор дека Бугарите не се единствените жители на Балканот.
Бугарскиот историчар Шопов ги признава Македонците
Дека тоа време бугарските публицисти и интелектуалци биле многу посвесни од денешните бугаромани, кога е во прашање македонската национална засебност, ќе го цитираме познатиот тогашен бугарски историчар А. Шопов, кој во врска со Санстефанска Бугарија, во 1885 година, го дал следново признание:
Берлинскиот конгрес не и даде автономија на Македонија и не ја присоедини кон Бугарија или кон источна Румелија од едноставна причина што Англија цврсто застана на стојалиштето дека огромното мнозинство на населението од Македонија не е бугарско... Па дури ни денес, во 1885 година, кога Европа би побарала македонското население да се определи и да каже на која народност и припаѓа, уверени сме дека поголемиот дел од Македонија ќе ни летне од рацете, ако исклучиме две-три околии од северна Македонија. Сите други Македонци се готови да дадат каков сакаш пишан документ дека тие не се Бугари.
Зошто и оваа сензационална изјава од бугарскиот историчар Шопов денес се крие од пошироката јавност во Бугарија - нека одговорат нашите бугаромани. Оваа изјава секако дека не е и единствена дадена од тогашни бугарски дејци, кои констатирале дека Македонците претставуваат засебен етникум од Бугарите и токму ваквите бугарски изјави претставуваат неодбранлив аргумент против лагите на денешните бугаромани дека во 19. век Македонците наводно се декларирале како Бугари. Како тогаш да се објаснат ваквите цитати дадени од бугарски дејци? Ги повикувам бугароманите длабоко да размислат (ако можат], па нека одговорат.
Значи, ниту Македонците со воодушевување ја прифатиле Бугарската егзархија како своја духовна слобода (како што тврдат бугароманите], ниту пак европските сили стоеле зад фикцијата за Санстефанска Бугарија, која, заради тесните и провидни руски интереси, била создадена во главата на бугарофилскиот гроф Игнатиев, а главна причина за отфрлувањето на ваквата фикција бил фактот што во Македонија никогаш мнозинството население не биле Бугари, што впрочем се потврдува и од горенаведените автентични цитати.
Конечно, за ставовите на македонскиот народ од тоа време најдобро сведочат барањата за независна Македонија, кои во тие години дошле до израз преку Разловечкото и Кресненското востание, чија главна цел била создавање на слободна Македонија со македонски народ (нација) во неа. Тоа се потврдува не само преку автентичните зачувани документи од овие две востанија (за што ќе пишуваме во друга прилика], туку и преку негативниот и деструктивен однос на Бугарија кон овие востанија, посебно кон нивните раководства, а овде секако се и изјавите на Димитар Поп Ѓорѓиев Беровски против Бугарската егзархија.
No comments:
Post a Comment