Monday, November 27, 2006

КОИ СЕ БУГАРИТЕ ?

БУГАРИТЕ ИМААТ ТУРКО-МОНГОЛСКО ПОТЕКЛО!




Според реномираниот бугарскиот историчар Проф. Васил Златарски првите етнички предци на денешната бугарска нација биле четири хуно-бугарски орди, чие потекло е откај Хималаите.
Во "Именикот на бугарските ханови", напишан уште во 8. век во Бугарија, се тврди дека татаро-монголскиот водач Атила-Божјиот камшик е прататко на Бугарите.
Овој и следните два текста повторно му ги посветувам на чичко Ѓорѓи Младенов од Торонто).

Македонската историографија грешеше што не им посвети поголемо внимание на презентирањето на потеклото на Бугарите, поради што, кај дел од нашата јавност се создаде вакуум, т.е. непознаница во однос на вистинските етнички предци на денешната бугарска нација, а тоа се турко-монголските Бугари (т.н. Прабугари).

Македонските бугаромани, инструирани од Бугарија, сакаа да ја искористат ваквата состојба и без да спомнат ниту збор за турко-монголското потекло на Бугарите, се обидоа преку прикажување бајки поврзани со 19. и поч. на 20. век да ги убедуваат Македонците дека имале "бугарски етнички корени.”

Бидејќи ниту еден од нив нема напишано ништо за бугарските корени (кои според нив се и „македонски"), во овој текст ќе го сториме тоа.
Така најлесно Македонците самите ќе сфатат дали нашата нација има бугарски етнички корени или не. Логиката е едноставана.
Кој сака да дознае дали нашите предци биле Бугари - нека се запознае со бугарската етногенеза, па така самиот најлесно ќе сфати дека Македонците немале никаква етничка врска со Бугарите.
Но, македонските бугаромани и овде даваат потврда за својата улога на класични јаничари.
Имено, тие можеби знаат по нешто за македонската историја (гледано низ бугарска призма), но ако ги прашате за бугарската историја и етногенеза, за турко-монголските бугарски ханови, за нивниот номадски живот во Азија, за коњската опашка како нивен прв симбол, за нивните средовековни пустошења на Македонија и сл., ќе видите дека мнозинството од нив немаат поим од сето тоа. Значи, се прават Бугари (или потомци на Бугарите), а немаат поим кои биле Бугарите.
Така било и со јаничарите.
Се надевам дека од овој текст ќе научат барем нешто.

(ПРА)БУГАРИТЕ НАСТАНАЛЕ ОД ЧЕТИРИ ХУНО-БУГАРСКИ ОРДИ!

Сега предлагам да го проследиме потеклото на (Пра)Бугарите, т.е. на првите признати етнички предци на денешната бугарска нација и тоа цитирајќи исклучиво бугарски и странски извори. Прикажувањето на нивното потекло ќе ги отрфли сите заблуди дека ние Македонците имаме било каква етничка врска со Бугарите.
Најпрво да кажеме дека терминот „Прабугари" е вештачки создаден од страна на бугарската наука. Имено, т.н. Прабугари себе си изворно си се нарекувале Бугари, а не Прабугари.
Тоа се всушност вистинските Бугари и како такви се декларирале. Денес во бугарската наука тие се наречени Прабугари, со цел да се прави разлика помеѓу нив и денешните Бугари во национална смисла на зборот.
Меѓутоа, се поголем е притисокот од современите бугарски историчари вештачкиот термин Прабугари да се исфрли од науката и истиот да се замени со адекватниот термин Бугари.
Впрочем, некои бугарски историчари и во минатото за т.н. Прабугари го користеле терминот Бугари.
Сепак, за да им задоволиме и на едните и на другите бугарски историчари, поради фактот што т.н. Прабугари (вистинските Бугари) дошле од нивната татковина Азија, предлагам во овој текст за нив да го користиме терминот Бугаро-азијата.
Ова со цел да го задржиме вистинскиоттермин за нивното етничко име (Бугари наместо Прабугари), но и да го потенцираме нивното географско потекло (Азија, азијати), како би правеле разлика помеѓу нив и денешните Бугари - припадници на современата бугарска нација.
Па, да видиме конечно кои биле Бугарите (Бугаро-азијатите)?




СТАРИТЕ БУГАРИ - ТАТАРИ!

Ќе почнеме со цитат од книгата (која денес се користа како училишно помагало во бугарските средни училишта), под наслов Графична историја на балканските народи од бугарскиот историчар Евгени Владиков (Софија, 1992 год.).
За потеклото на Бугарите во поднасловот Бугари Владиков пишува:
„Бугарите припаѓаатна поновите народи кои се доселиле на Балканскиот Полуостров (...) Околу 670 година на североисток од делтата на р. Дунав се појавуваат Прабугарите, кои се народ од туркско потекло.
Ги нарекуваме Прабугари за да ги разликуваме од денешните Бугари.
Прататковина на Прабугарите е централна Азија.

Тие се придвижуваат кон запад и создаваат голем военоплеменски сојуз наречен Голема Бугарија.на чело со ханот Кубрат, кој ги завзема земјите помеѓу Азовско Mope и северен Кавказ.
Под притисок на Хазарите Голема Бугарија се распаѓа. Еден од синовите на Кубрат продолжува на запад и се населува крај делтата на реката Дунав.

Тоа е ханот Аспарух, кој со помош на Словените, кои се населени по рамнините околу двата брега на долниоттек на р. Дунав, успева да ги одземе од Византија земјите помеѓу Стара Планина и Дунав и од Црно Mope до р.Тимок.
Со потпишување на мировен договор во 681г. Византија ја признава новосоздадената држава Бугарија која се протега помеѓу Стара Планина и Карпатите - држава во која е создадена од осум словенски племиња на чело со Прабугарите..."
За азијатското (турско, туркско или татарско) етничко потекло на Бугарите, постојат и други бројни сведоштва и цитати од разни автори и публикации, кои го потврдуваат истото.
Ќе наведеме некои од нив.

Во големата Гролиер мултимедијалната општа компјутерска ЦД енциклопедија (објавена во САД, 1995 година и преку Интернет, достапна до десетици милиони корисници ширум светот), во поднасловот Бугари пишува:
„Бугарите се турско племе, кои се населиле на Балканот од централна Азија во втората половина на 7. век. Тие ги потчиниле словенските племиња и го основале Првото Бугарско царство во 681 година."
Англискиот патеписец Вилијам Макмајкл во својот патепис од неговата посета на Бугарија во 1818 година (кој патепис денес е објавен во делото: Англиските патеписци за Бугарија, Софија, 1987) напишал:
„Старите Бугари се Татари кои дошле во Бугарија во петти век од бреговите на Волга."
Во непроценливо значајното древно историско дело под наслов „Именик на бугарските ханови" (напишано во Бугарија во далечниот 8. век) за татаро-монголскиот водач Атила-божјиот камшик се вели дека е „прататко на Бугарите". Тој во ова дело се среќава под името Авитолах, а како негови наследници (од неговиот туркски род Дуло) следуваат хановите: Ирник (син на Атила, кој на некои места се среќава и под името Ернах, з.м.), Гостун, Курт и Безмер, за кои пишува дека, во склад со азијатската традиција, имале избричени глави. Под името Курт овде се подразбира бугарскиотхан Кубрат, што значи дека во овој Именик, Атила е сметан за директен крвен предок на ханот Кубрат и на Бугаро-азијатите. Да потсетам дека денес ханот Кубрат се смета како првиот етнички владетел на денешната бугарска нација, а гледаме дека тој бил директен крвен потомок на татаро-монголскиот водач Атила - божјиот камшик.
(Па, зарем Татаро-Монголот Атала е првиот предок и на Македонците? Навистина сешто од нашите бугаромани...).
Инаку „Именикот на бугарските ханови" е напишан во времето на ханот Аспарух, кој е еден од синовите на хан Кубрат, што значи дека овој Именик е напишан од тогашни добри познавачи на историјата на Бугарите.

(Подетално за ова кај: Проф. Димитар Ангелов: „Образуване на блгарската народност," Софија 1971 п, и во: „Христомати по историja на Блгари," Софија 1964 г.Ј.

Одиме понатаму.

ДРУГИ СВEДОШТВА

Во Кратката бугарска енциклопедија (Софија, 1963, Првтом,с.ЗО),пишува:
„Co името Бугари се нарекуваат прабугарските племиња, кои се од туркско потекло и кои живеат на север од Црно Mope и Кавказ, од Днепар до Волга. Една група од нив, на чело со Аспарух се преселуваат на крајотод 7. век во североистичниотдел од Балканскиот Полуостров."
Во Енциклопедијата на Југославија (Загреб, 1985), авторот В. Вел, за потеклото на Бугарите пишува:
„Зборот Булгар настанал од старотурскиот збор булгар (мешанец), што бил назив за едно од турко-татарските племиња."
Во Опца енциклопедија југославенског лексикографског завода (Загреб, 1977, том И. стр. 715) за Бугарите пишува:
„Бугарите името го добиле од татарскиот народ Бугари кои се населиле на Балканот во 7. век и ги покориле Словените."
Во делото „Историја на јужните и на западните Словени" (Москва, 1969 г), за Бугарите пишува:
„Во втората половина на 7. век, се појавиле турските племиња, дојдени од северното Црноморие. За разлика од денешните Бугари, во литературата нивниот назив е Протобугари."
Во книгата Образуване на блгарската народност од Проф. Димитар Ангелов (Софија, 1971), на стр. 116 и 117, тврди дека веќе е дефинитивно утврдено етничкото потекло на Бугарите.
Овде тој пишува:
„Успесите постигнати во областа на лингвистиката и откривањето на некои писмени паметници, во кои се среќаваат прабугарски зборови, постепено го формираатсфаќањето дека прабугарскиот етнос спаѓал во семејството на туркојазичните племиња и племенски групи, како на пример: Хуни, Огузи, Ујгури, Хазари, Печенези, Кумани и други... Стојалиштето дека Прабугарите за време на своето доаѓање на Балканот биле турко-јазичен народ веќе може да се смета дека е непобитно докажано... Еден од најблиските јазици на одамна исчезнатиот прабугарски јазик е јазикот на современите Чуваши.

За блиската врска помеѓу Прабугарите и Чувашите сведочат и етнографските проучувања, направени во последно време."
Во Historia slowian poludnio wych i zachodnich (Warszawa, 1977 g.), за Бугарите пишува:
„Протобугарите и другите турски народи биле сточари, a ce занимавале и со земјоделство и сточарство."
Еден од најпознатите бугарски историчари Васил Златарски, во своето дело Историја на б'лгарската д'ржава през средните векове (том И, Софија, 1971), на стр. 55, пишува:
"Првата историја на Бугарите несомнено треба да ја бараме во историјата на оние средно-азијатски турски народи, кои се познати под општото име Хуни..."

No comments: